Висока победа за Алкалоид во четвртото коло на Европскиот Клупски Куп

Шахистите на Алкалоид успешно ги продолжуваат борбите на Европскиот Клупски Куп. Мечот од четвртото коло беше со императив за висока победа, како предуслов да се продолжи трката за една од медалите.

Алкалоид со четири победи и две реми дојде до резултат 5:1 против екипата Итака од Србија. Ковалев, Шанкланд и Криворучко со сигурна игра извојуваа победи, а потоа следеа две реми на Андреикин и Инаркиев.

Најголема борба се водеше на првата табла, меѓу велемајсторите Мамедјаров и Инѓиќ. Во динамична и остра позиција, дојде до израз шаховската сила на играчот на Алкалоид, и партијата заврши со победа на Мамедјаров.

По одиграни четири кола, само четири екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални осум бода, а потоа следи група со шест бода, меѓу кои е и екипата на Алкалоид.

Во петтото коло, Алкалоид за противник ја има екипата Цирих Шахгезелшафт од Швајцарија.