Словачка ја освои бронзата по убедливата победа над Шведска

Репрезентацијата на Словачка го освои бронзениот медал на хокеарскиот турнир на Олимписките игри во Пекинг откако ја совлада Шведска со убедливи 4-0. 

Во првата третина немаше голови, а Словаците погодија два пати во вториот период. Во последните две минути од средбата „викинзите“ решија да играат без голман и да тргнат на сè или ништо, па Словачка на празна мрежа во контра постигна уште два гола и ги постави конечните 4-0. Слафковски постигна два, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Такац и Регенда. 

За Словачка ова е прв медал во историјата на Олимписките игри. 

Во големото финале утре играат Русија и Финска.