Словачка ги шокираше Американците на пенали

Репрезентацијата на Словачка се пласираше во полуфиналето на хокеарскиот турнир на Олимписките игри во Пекинг откако го елиминираше фаворитот САД на пенали. 

По трите третини натпреварот заврши со резултат 2-2, а во продолжението немаше голови. На пенали Словаците славеа со 1-0, бидејќи Американците ги утнаа сите пет обиди. 

Помеѓу најдобрите четири се најде и бранителот на титулата Русија, која ја совлада Данска со 3-1. Во овие моменти играат Финска и Швајцарија, а дербито на четвртфиналето помеѓу Шведска и Канада се игра во 14:30 часот.