Русите ѝ го урнаа сонот на Србија за златен медал на ЛОИ

Српската репрезентација во баскет 3х3 не успеа да се пласира во финале на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио откако во полуфинале загуби од Рускиот олимписки комитет со 10-21.

Русите играа добро од самиот почеток на натпреварот и го реализираа својот план, а Србија никако не можеше да најде решение и мораше да го прифати поразот.

Александар Зуев постигна 11 поени кај Русија, додека во српскиот тим Душан Домовиќ Булут постигна пет поени.