Русинка како Спајдрмен: За седум секунди искачи карпа за нов светски рекорд (ВИДЕО)

Русинката Јулија Каплина постави нов светски рекорд во спортско искачување на карпа, откако на нецели седум секунди успеа во својот подвиг, па доби прекар – Сапајдрмен.

Каплина го постави рекордот на Европското првенство во спортско искачување, а нејзиното време беше 6.96 секунди и таа е само втора спортистка на која ѝ успеало вакво нешто, за помалку од седум секунди да искачи вештачка карпа.

Оваа Русинка (27) е една од најдобрите на светот во брзо искачување, а во 2016 година беше светска шампионка.