Перо Момировски избран за нов претседател на секцијата спортски новинари во ЗНМ

Секцијата на спортски новинари во Здружението на новинари на Макеонија (ЗНМ) за нов претседател го избра Перо Момировски. На денешното собрание присуствуваа околу 40 спортски новинари.

ЗНМ вети дека ќе се погрижи за подобрување на условите за работа на спортските новинари, а исто така ќе се унапреди соработката со спортските федерации во државата и надвор.

Во идниот период ќе биде составена и екипа од неколку спортски новинари, кои ќе имаат за цел да ја подобрат координацијата на ова тело.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски порача дека само со сложна работа може да се подобрат условите на спортските новинари.