MOZZART спонзор на спортските игри “Независна Полицијада 2023”
Игрите се одржаа на Пониква, со присуство на 430 учесници, како и странски делегации од Црна Гора, Србија, Бугарија и Албанија.
Учесниците се натпреваруваа во три групни спортови - одбојка, кошарка и влечење јаже, а силите ги измерија и во четири поединечни дисциплини - пикадо, шах, бендмингтон и туркање на рака.
„Независниот полициски синдикат, како релативно мал и финансиски не многу силен синдикат, немаше да може да ги реализира овие игри без помошта што ја добивме од спонзорите. Изразуваме благодарност до Моцарт и се надеваме на понатамошна успешна соработка“, изјави Владимир Литовски, претседател на Независниот синдикат на судска полиција.
Компанијата Mozzart досега даваше поддршка за синдикатите на УЈП и УПОЗ, а со истото темпо ќе продолжи и во иднина.