Македонија првпат во историјата може да има гимнастичарка на Олимписки Игри!
За прв пат во историјата на македонската гимнастика може да имаме наш претставник на една олимпијада - Охриѓанката Рејчел Стојанов, а ова го потврди и претседателот на федерацијата Љупчо Арнаудов.
Инаку, македонскиот спорт по подолго време ќе има најмалку еден спортист со обезбедена норма на Олимписките игри во Токио, а тоа е борачот Могамедгаџи Нуров. Ова е прва олимписка норма за еден наш спортист по дури 12 години, откако на последните три ЛОИ настапувавме само со специјални покани, а последни кои го сторија тоа беа кајакарот Атанас Николовски и борачот Мирад Рамазанов на ЛОИ 2008 во Пекинг.