Иванка Трамп ѝ донесе среќа на Канада во сноуборд

Канадскиот сноубордер, Себастијан Тутан, го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, во дисциплината биг ер.

Tутан до златото стигна со собрани 174, 25 бода. Тој така им го донесе на Канаѓаните 11-то злато на Игрите во Јужна Кореја.

Сребрениот медал го освои Американецот Кајл Мек со 168,75 бода, а бронзата му припадна на Британецот Били Морган, кој натпреварувањето го заврши со 168 бода.

Натпреварувањето го следеше Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, во друштво на јужнокорејската претседателка Ким Џунг-сук.