Германецот Вилингер доскокна до злато во Пјонгчанг!

Андреас Вилингер е мало изненадување на стартот на натпреварите во ски-скокови на ЗОИ во Пјонгчанг. Германецот триуфираше на малата скокалница (К-109) пред Норвежаните Форфанг и Јохансон.

Велингер прескокна 113.5 метри во втората серија и ги реши конкурентите, имајќи предвид на лошите временски услови. Имаше силен ветер, скокањето се одвиваше со застои и многу од фаворитите потфрлија, со просечни скокови.

Велингер, кој беше петти во првата рунда, имаше среќа и умешност да го оствари најдолгиот скок, заедно со Јохансон од Норвешка, но тој имаше подобар прв скок. Првата серија заврши со изненадувачки лидер, Стефан Хула од Полска, кој прескокна 111 метра и се смести пред лидерот во генералниот пласман, Камил Стох. Сепак и двајцата потфрлија во втората рунда, завршувајќи четврти и петти во обратен редослед.

Велингер го освојува првото индивидуално злато на големите натпреварувања, откако во Сочи однесе тимска победа со Германија. Оваа година имаше само една победа (во кариерата три) во Светскиот куп, така што им приреди изненадување на фаворитите.