Македонската голф федерација (МГФ), која пред извесно време го организира македонското државно првенство во Бугарија и тоа во ек на негаторската политика на нашиот источен сосед и долгото опструирање на почетокот на нашите преговори со Европската унија, денеска доби ново раководство.

Предводник на голферите во иднина ќе биде Менче Николовска-Папеш, откако нејзините претходници беа сменети од членовите на оваа федерација.

Новото раководство најави финансиска ревизија, особено на првенството кое во септември се организира на бугарска територија.