Домрачева ја однесе Белорусија до златен медал!

Белорусија освои златен медал во бијатлонска дисциплина на четири по шест километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Тимот во состав со Скардино, Кријуко, Алимбекава и Домрачева победи со време од 1:12:03,4, а посебно импресивна беше Домрачева, која е најзаслужна за златниот медал.

Второто место го освоија Швеѓанките, поточно Перон, Брорсон, Магнусон и Еберг, а имаа заостанување од 10,7 секунди додека бронзениот медал го освои Франција, која во составот ги имаше Шевалија, Дорин Абер, Браисаз и Бесконд со 17,6 секунди заостанување зад шампионките.