Билетите за НФЛ-меч во Минхен распродадени за - 55 минути!

За натпреварот од НФЛ-лигата меѓу Тампа Беј и Сиетл сихокс, кој е закажан за 13 ноември во Минхен, сите билети беа распродадени за 55 минути.

Влезниците биле продадени за ракордно време, а првиот човек на НФЛ-лигата кажа дека интересот бил толку голем што би можеле да продадат три милиони влезници.

„Добивме три милиони барања за билети и ќе продадевме карти за 40 стадиони ако можевме. Во Германија интересот беше огромен, иако не го очекувавме тоа“, велат од НФЛ-лигата.