„Ако повредите на Вудс се сериозни како што соопштија, тогаш тоа е неговиот крај“

Тајгер Вудс доживеа сообраќајна несреќа по која беше пренесен во болница, каде што има операција бидејќи има скршеници на двете нозе и на едната рака.

Новинарот на „Си-Ен-Ен“, Енди Сколс го коментираше овој инцидент на Вудс и кажа дека оваа несреќа може да ја заврши неговата кариера.

„Разговарав со него по Мастерсот во 2019 година. Се сеќавам дека едвај стана од стол по разговорот. На него му е тешко да одигра четири рунди од голф, зашто има 45 години. Ако повредите се сериозни како што соопштија, тогаш тоа ќе биде крај за него во светот на голфот“, вели новинарот.