Ужасна сцена: Одбојкар имал срцев удар среде меч, животот му го спасил – судијата!

На подготвителниот меч на белгискиот одбојкарски прволигаш Месајка, младиот либеро Мартин Перин (20 години) имал срцев удар и само брзата реакција и реанимацијата што ја добил на лице место го вратиле во живот и тоа без посериозни последици по неговото здравје.

Во улогата на „ангел чувар“ се нашол судијата на мечот, кој во приватниот живот работел како пожарникар и кој одлично ја знаел техниката на реанимација. По немилиот настан, Мартин и неговата мајка изразиле огромна благодарност не само за судијата, туку и за сите присутни кои му помогнале.

„Се чувствувам добро и ви благодарам на добрите желби. Се уште сум на прегледи, но сигурен сум дека наскоро ќе се видиме на одбојкарските терени“, напиша Перин.

Пред Белгиецот се дополнителни лекарски испитувања со цел да се утврди причината за срцевиот удар, а се уште не се знае колку ќе биде надвор од теренот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Martin Perin (@perinmartin)