Тајсон пак гризеше, ама овој пат не уво или пенис туку изненадувачки нешто - свое (ФОТО)
Новинарите го запрашаа за овој потег, а тој одговори во свој стил.
„Ја гризев ракавицата. Имам навика да гризам,“ изјави Тајсон со насмевка, додека новинарот духовито потсети на неговиот легендарен момент од 1997 година, кога одгриза дел од увото на Ивандер Холифилд.
Пред мечот букмејкерите им дадоа можност на обложувачите да се кладат дали „Челичниот Мајк“ ќе го гризне својот противник и за кој дел од телото, каде што сосема солиден беше коефициентот дека тоа ќе биде пенисот на Пол. По борбата, Тајсон зборуваше за својата издржливост и повредата што ја претрпе.
„Имав мала повреда за време на борбата, но нема да ја користам како изговор,“ рече тој.
На прашањето за неговата возраст и натпреварувањето во рингот, Тајсон потенцира.
„Не должам ништо никому. Се што правам, го правам за себе. Светот не ми должи ништо, а јас не му должам на светот“, додаде ветеранот.
Тајсон во најавата на борбата, на официјалното мерење пред мечот, во еден момент, му удри шлаканица на Пол, потег кој предизвика коментари.
„Тоа се случува, беше моментална реакција,“ објасни Тајсон, додека Пол одговори со шеговита благодарност: „Тоа беше добар удар. Благодарен сум ти за тоа“.
Иако неговата возраст беше важна тема на разговор пред и за време на борбата, Мајк истакна дека не планира да се повлече.
„Не знам. Зависи од ситуацијата. Мислам дека ова не е последниот пат. Можеби ќе се борам со Логан (братот на неговиот ривал-н.з.),“ најави легендата, отворајќи простор за нови спектакли во иднина.