Турција се бореше храбро, но Бразилките го освоија бронзениот медал

Бразилските одбојкарки денеска триумфираа со 3-1 во сетови против Турција, односно 25-21, 27-25, 22-25 и 25-15 и го освоија бронзениот медал на Летните олимписки игри во Париз.

Турција имаше предност во првиот сет до 20-19, по што Бразил го презема водството и славеше со 25-21 во првиот сет.

Во вториот сет повторно се водеше голема борба, а во најголемиот дел од него во предност беше Турција, но Бразил славеше со 27-25.

Турција се реваншира во третиот сет и го освои 25-22, додека во четвртиот Бразил славеше со 25-15 за да го освои бронзениот медал.