Турција ја збриша БиХ во три сета пред пресметката со Македонија

Фаворизираната Турција ја збриша денеска БиХ во три сета на скопскиот квалификациски турнир за пласман на ЕП, како загревање за утрешната пресметка со нашата селекција, која вчера со триумфот со 3-1 триумфираше против Босанците.

Турците на БиХ не ѝ дозволија ни да се понадеваат дека може да освојат сет, па убедливо ги добија сите три, доминирајќи буквално во сите елементи во текот на мечот, па на противникот му препуштија 15 поени во првиот, 17 во вториот, а 18 во третиот сет, за лесна и убедлива победа.

„Денеска одигравме како што треба, освен што направивме многу грешки на сервис. Се друго беше во ред и задоволен сум од оваа победа. Се надевам дека утре ќе го поправиме сервисот и дека ќе се пласираме на ЕП затоа што имаме големи планови“, рече Адис Лагумџија, коректорот на италијански Милано после мечот.

Македонија против фаворизираната Турција ќе се соочи утре од 17.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.