
Салата речиси распродадена, Македонија утре ќе игра пред полни трибини!
Салата „Борис Трајковски“ за првиот меч беше полупразна, односно поголем дел од гледачите беа пред малите екрани, меѓутоа сега сликата на трибините ќе биде поразлична и македонските одбојкари ќе добијат огромна поддршка во вториот меч кој е историски затоа што со триумф би обезбедиле пласман во осминафиналето.
Црна Гора треба да биде послаб противник од Данска, но Македонија ќе мора на паркетот да докаже дека заслужува да ја помине првата фаза од европското натпреварување. Натпреварот е закажан за утре (сабота) од 20 часот.
Македонија, освен со Црна Гора, до крајот на групната фаза треба да игра и против Полска, Холандија и Чешка.