Олимписката бронза на градите на американските одбојкари

Машката одбојкарска репрезентација на САД го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Париз откако во мечот за третото место ја совлада Италија со 3-0 (25-23, 30-28, 26-24).

Од резултатот по сетови може да се забележи колку беше интересен и неизвесен натпревар и дека малку недостасуваше Италија да се радува на крајот. Арон Расел со 15 поени ги предводеше Американците, Дефалко додаде 12, додека Микелето и Романо со по 17 поени беа најдобри во италијанската репрезентација.

Ова е трета бронза за Американците на Олимписките игри по 1992 и 2016 година. Во мечот за титулата на Олимписките игри ќе се сретнат Франција и Полска.