Македонската одбојкарска репрезентација ќе го има дебитантскиот настап на Европското првенство (ЕП), а денеска одбојкарите играа во нови дресови, кои ќе ги носат на големото натпреварување.

Македонските одбојкари може да се пофалат со прекрасни дресови, кои ќе ги красат на натпреварите на ЕП, кадешто во групата во Љубљана ги очекуваат дуели против Словенија, Белорусија, Финаска, Русија и Турција.

Да потсетиме, првиот меч „спартанците“ го играат на 12 септември против Финска.