Одбојкар мислел дека е во врска со славна манекенка, а всушност се допишувал со – баба!

Поранешниот одбојкарски репрезентативец на Италија, Роберто Казанига (42 години), со години живеел во уверување дека е во врска со бразилската манекенка Алесандра Абросија (40), со која се допишувал и ѝ испраќал големи суми пари.

Дури по 13 години, тој сфатил дека позади „Алесандра“ стоела одредена Маја, која всушност е од Сардинија и која има скоро 60 години.Според Роберто, нејзиниот број му го дал пријател кој сакал да ги спои, а таа му кажала дека се претставува со псевдоним за јавноста да не дознае за кого станува збор со оглед што била славна манекенка. Одбојкарот за да и прати пари дури и позајмувал од семејството и од пријателите, а како причина поради која за цели 13 години никогаш не се сретнале ја навел нејзината зафатеност и срцевите проблеми.

„Никогаш не се видовме. Секогаш имаше илјадници оправдувања, како болест или работа. Но, јас се вљубив во тој глас и така продолживме од повик до повик. Контактиравме само преку телефон, речиси секојдневно се слушавме или допишувавме“, изјави Казанига.

Подоцна е откриено дека позади измамата стоеле три лица, а полицијата била информирана од неговите соиграчи, кои го нарекле премногу затворен и наивен