Нова трагедија во Турција: Во сообраќајна несреќа загина 15-годишна одбојкарка!

Само часови по катастрофалниот земјотрес во кој животот го загубија најмалку 5.000 луѓе, Турција ја потресе уште една трагедија, откако во сообраќајна несреќа животот го загуби една од најталентираните одбојкарки во оваа држава, 15-годишната Наз Терзи.

Покрај неа, во стравичната несреќа на автопатот во близина на градот Бурса животот го загубија уште три лица, додека седуммина меѓу кои и едно дете се тешко повредени. Дождот и лизгавиот асфалт се причинители на големата несреќа, во која првично се судриле три автомобили, а подоцна со полна брзина на луѓето налетал и четврти автомобил. Меѓу загинатите се и двајца членови на семејството на одбојкарката, додека возачот кој е виновен за нивната смрт го преживеал инцидентот.

Турскиот одбојкарски сојуз веднаш изрази жал и сочувство до семејството на Терзи, а полицијата највалија детална истрага за несреќата.