Неверојатната Франција ја одбрани олимписката титула
Со тоа, „триколорите“ станаа само трета репрезентација во историјата која ја одбранила титулата на Олимписките игри, по СССР во 1964 и САД во 1988 година. Сите три сета, Французите ги освоија благодарение на серии од по неколку поени со кои го скршија противникот.
Во првиот сет направија 5-1 за водство од 17-11, во вториот 6-0 за конечни 25-19, а во вториот исто така 6-0 за 23-18. Полјаците не ги искористија своите шанси и остануваат на едно злато од олимписките игри, освоено во 1976 година.