Македонската одбојкарска репрезентација со пораз ги стартуваше натпреварите на Европското првенство во Словенија (се игра во четири земји), откако загуби од селекцијата на Финска со 23-25, 22-25, 25-23, 21-25.

„Спартанците“ одлично го стартуваа мечот, а пред крајот на истиот кој траеше половина час, имаа водство од 20-16. Сепак со серија на противникот од 6-1, Финска дојде до водство и на крајот го доби првиот сет со 25-23.

Во вториот сет се играше далеку поизедначено, а при водство на Финска од 22-23, селекторот Никола Матијашевиќ свика тајм - аут, но нашите одбојкари не одиграа според замисленото, па му дозволија на противникот лесно да дојде до водство од 2-0 во сетови.

Во третиот сет Македонија конечно одигра онака како што знае и умее, па со постојана резултатска контрола, во кој имаше три сервис грешки, успеа да дојде до првиот освоен сет и воедно да намали на 1-2 (25-23).

Последниот сет на натпреварот го стартувавме лошо и по само десетина минути, противникот имаше предност од четири поени (2-6). Спак со серија од 7-2 успеавме да поведеме со (9-8), но веднаш потоа попушти концентрацијата во шашиот состав. Потоа Финска ја превзема резултатската контрола и до крајот успеа да ја задржи предноста за триумф од 3-1 во сетови.

Најефикасни во нашиот состав беа капитенот Никола Ѓорѓиев, Ристо Николов и Александар Љафтов со по 14 поени.