Домаќини за пример: Македонските и полски фанови заедно навиваа за - своите (ФОТО)

Македонските навивачи уште еднаш покажаа дека се одлични домаќини, и покрај тоа што полските одбојкари доминираа на паркетот против репрезентацијата на Македонија во третото коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП).

Македонските и полски фанови заедно навиваа од трибините на салата „Борис Трајковски“.