Балкански лонец: Српски кошаркар заменет за Босанец во уште еден трејд во НБА!
Нуркиќ, според информациите на реномираниот новинар на „ЕСПН“, Шемс Чаранија, се сели во Шарлот заедно со избор во првата рунда на драфтот во 2026 година, додека во спротивен правец, покрај Мициќ, заминуваат и Коди Мартин, како и пик од втората рунда на истиот драфт. Србинот беше избран како 52. пик на драфтот во 2014 година од страна на Филаделфија, но својата НБА кариера ја започна дури во 2023 година, кога потпиша тригодишен договор со Оклахома Сити Тандер. Во февруари минатата година беше разменет во Шарлот, а оваа сезона бележи просек од 7,5 поени, 2,4 скока и 3,5 асистенции по натпревар.
Неговиот договор со Феникс му носи 7,72 милиони долари оваа сезона, а во следната сезона сумата се зголемува на 8,1 милион, при што клубот ќе има можност да одлучи дали ќе го задржи. Мициќ ја започна професионалната кариера во Мега, а во Европа настапуваше и за Баерн Минхен, Црвена Звезда, Тофаш, Жалгирис и Анадолу Ефес. Со турскиот тим двапати стана европски шампион (2021, 2022) и во двата наврати беше прогласен за најкорисен играч на фајнал-форот, а во 2021 година ја освои и наградата за најкорисен играч на Евролигата.
Со репрезентацијата на Србија има освоено сребро на Европското првенство во 2017 година и бронза на Олимписките игри во 2024 година.