Белорусите не ни помогнаа, Македонија утре ќе чека милост за осминафинале!

Македонската одбојкарска репрезентација ќе чека уште еден меч за официјално да се пласира во осминафиналето на Европското првенство.

Белорусите денеска не ни завршија работа, откако загубија со 1-3 во сетови од Турција, односно 21-25, 24-26, 25-20 и 19-25, па така сè ќе реши мечот меѓу Турција и Финска.

Во споменатиот меч Финска не смее да слави против Турција, зашто Македонија во таков случај нема да обезбеди пласман во осминафинале.