Атомска одбојка: Русија го сруши олимпискиот шампион Бразил

Одбојкарската репрезентација на Русија се пласираше во финалето на олимпискиот турнир во Токио откако денеска го елиминираше Бразил со 3-1 во сетови. 

„Зборнајата“ го совлада актуелниот олимписки шампион од игрите во Рио 2016 година и се одмазди за поразот во полуфиналето на тој турнир. Денеска Русите го загубија првиот сет со 18-25, но потоа се вратија со 25-21,26-24 и 25-23.

Максим Михајлов најмногу се истакна во победничкиот состав со 22 освоени поени. Русија во големото финале ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Франција и Аргентина.