Ако се кадарни за чудо - сега му е мајката: Одбојкарите во јуриш против Турција!

Македонската одбојкарска репрезентација ќе се обиде да надомести за стартниот пораз од Финска (1-3 во сетови) на својот историски настап на Европското првенство (ЕП). Вториот натпревар го играме (17.30 ч.) против селекција која веќе ја имаме покорено, Турција..

Иако во мечот против Финска покажавме слабост во одбраната, конкретн слабиот блок, сепак избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ќе се обидат да ги коригираат грешките и да запишат историска победа.

„Во следниот меч со сите сили одиме по победа против Турција, па дури и да играме полошо за око“, кажа средниот блокер Александар Љафтов по вчерашниот меч.

За разлика од Финска, со која првпат се соочуивме, веќе имаме одиграно два меча против Турција и тоа пред пет години во Европската лига, кога двапати славевме. Еднаш резултатот беше 3-0 во сетови за Македонија, додека во вториот меч нашите одбојкари триумфираа со 3-1, па сега се надеваат на хет-трик, односно ново славје против Турците.

Сепак, на тие средби Турците не беа во најдобриот состав, како што се на ова СП, со амбиции за влез во нокаут-фазата. Почнаа со пораз со 1-3, но загубените бодови со Русија од напред им се вкалкулирани на неколку селекции од нашата група.

Финците важеа за 11-та европска сила, според рангирањето на ЦЕВ, а Турција е четири позиции послаба. Згора на тоа, во подготовките загуби со 1-3 од Белорусија, противникот од нашата група, кој според рејгингот и квалитетот би требало да е најсличен со Македонија.