Јутјуберот Пол оваа година ќе дебитира во ММА

Јутјуберот и боксер Џејк Пол изненади на почетокот на 2023 година кога потпиша договор за Професионалната лига на борци (ПФЛ) во ММА, па многумина сметаа дека тоа е маркетинг потег, меѓутоа борецот сака да влезе во рингот.

Американските медиуми пишуваат дека Пол ќе дебитира во ММА светот, а првиот човек на ПФЛ, Дон Дејвис соопшти дека јутјуберот ќе се бори во текот на 2025 година.

„Две работи се случуваат во моментов. Џејк е успешен во боксот. Може да го мразите или сакате, но мора да се сложиме дека е успешен и привлекува внимание. Најверојатно при крајот на оваа година ќе се бори“, кажа Дејвис.