Хабиб нема да се враќа во УФЦ: Си купив овци и крави, а работам и со земјоделство...

Хабиб Нурмагомедов уште еднаш потврди дека нема намера да се врати во УФЦ, иако се шпекулираше во светските медиуми дека ќе се бори уште еднаш.

Борецот од Дагестан пред еден месец ја заврши кариерата и сега е подготвен да се посвети на другите предизвици во животот.

„Следната година ќе дипломирам и сакам да напредувам уште повеќе со образование. Купив овци, се занимавам со земјоделство и сакам да го развивам бизнисот. Исто така, имам крави и бикови. Сакам да работам каде што ќе бидам корисен, а ова не е некоја политика“, вели Хабиб.

Нурмагомедов уште еднаш потврди дека нема намера да се врати во рингот.

„Можеш да се бориш до 40 години, но треба да имаш некоја цел. Моја беше да стигнам на врвот. Дојдов таму и повеќе немам интерес за борба“, вели шампионот.