ЕМОФ станаа опасни по живот: Таеквондист од Грузија колабираше поради пекол во сала!

По велосипедистот од Литванија кој сериозно се повреди на тренинг, двајцата негови колеги од Исланд кои беа прегазени на патот Куманово-Свети Никола, паднатиот таван од бањата во соба на шпанска атлетичарка, уште еден спортист ќе си оди со лоши спомени од Европскиот младински олимписки фестивар (ЕМОФ) во Скопје.

Станува збор за таеквондист од Грузија, кој колабираше за време на денешните натпревари во салата „Македонски херои“ во склоп на фискултурното училиште во престолнината. Причина за тоа е пеколот во неклиматизираниот објект, каде што температурата била како среде пустина.

Неколкуте мали вентилатори ниту од далеку не можат да ја оладат салата, па не чуди што спортистите почнаа да паѓаат како круши. Поради ова, денешните натпревари во таеквондо беа привремено прекинати, без дополнителна информација кога би продолжиле.

ФОТО: Сител