
Едвардс го совлада Усман и го одбрани шампионскиот појас (ВИДЕО)
Едвардс ги издржа нападите на Усман и со голем број моќни удари ги освои судиите, кои пресудија во негова корист. Двајца од нив гласаа со 48-46, додека еден гласаше 47-47.
Засега не е потврдено, но се шпекулира дека следен ривал на Едвардс ќе му биде Колби Ковингтон.
Минатата ноќ славеше и Американецот Џастин Гејџи, кој го издржа силниот старт на Рафаел Физиев и го совлада на поени.