Џонс е најголемиот лудак: Ја удирал келнерката по задник и сега го очекува казна затвор!

Контроверзниот УФЦ шампион во полутешка категорија, Џон Џонс, е обвинет поради наводна злоупотреба на келнерка во Алгуркерки, САД.

Џон е обвинет за напад во еден коктел бар, откако ја удрил келнерката по задникот, а воедно и константно ја допирал и бакнувал по врат, пишуваат американските медиуми.

Девојката сето тоа го пријавила во полиција и додала дека Џонс не ги послушал нејзините молби да престане да ја вознемирува. Овој случај се уште не е ставен на ред во Судот, но се верува дека постои реална шанса Џонс да заврши во затвор.

Тој воопшто не бил свесен дека направил кривично дело се додека не го контактирале медиумите од Алгуркерки.

Медиумите му соопштија на господинот Џонс за обвинението, но му ја погрешиле адресата. Имено, кога Џонс ги добил сите потребни документи од новинарите веднаш ја платил казната, изјави адвокатот на Џонс, Џејмс Халин.