Доби нокаут од Мекгрегор за 40 секунди, а потоа замина на - забава! (ВИДЕО)

Доналд Серон загуби од Конор Мекгрегор за само 40 секунди, иако никој не го очекуваше тоа и ги разочара навивачите, а по мечот заврши во болница.

Серон набрзо ги завршил и прегледите во болницата, каде што му била констатирана повреда на главата, меѓутоа и покрај тоа борецот решил да ја напушти болницата и да се врати на забава, која била организирана во Лас Вегас по борбата.