Најдобрите на колена пред Македонецот: Павлов најдобар во карате Премиер лигата!

Македонскиот каратист Емил Павлов успеа да слави во финалето на силната Премиерлига во Москва, откако беше подобар со 3-1 од Ерај Самдан од Турција.

Импресивно е тоа што на патот до големиот успех македонскиот претставник успеа да запише пет победи, меѓу кои и две против двајца светски шампиони, а притоа се бореше и со скршеница на раката.

Да потсетиме, резултатите во Премиерлигата за карате се бодуваат за настапот на Летните Олимписки Игри во Токио следната година.