Нуров олимписката норма ја надгради со бронза на СП во Казахстан!

Македонскиот борец Могамедгаџи Нуров денеска успеа да обезбеди норма на Олимписките игри во Токио, откако славеше против Николаи Чебдан со 2-1, а веднаш потоа донесе уште една радосна вест за Македонија.

Откако успеа да обезбеди олимписка норма за македонски спортист по дури 12 години, Нуров во малото финале се бореше против Алишер, кој успеа да го победи со 8-5 и така да го освои бронзениот медал.

Да потсетиме, претходно Нуров на Светското првенство ги совлада Хосам Мерџани со 9-1, Хозе Даниел Дијаз со 7-2, а загуби само од Абдулрашид Садулаев со 0-6.