Ирански борач удри девојка по задникот, па беше претепан од присутните (ВИДЕО)

Големиот ММА настан во организација на ХФЦ, одржан во Москва, можеше да има кобен крај поради бесмисленоста на еден од учесниците.

Во главна улога беше иранскиот натпреварувач Али Хеибати чија борба со Аркадиј Осипјан од Ерменија имаше чудна увертира. Додека се подготвуваа да почнат, во рингот влезе девојка која ја најави борбата и неколку секунди танцуваше во рингот. Од непознати причини, тоа не му се допадна на Иранецот кој ја клоцна по задникот и уште тогаш предизвика немир кај сите присутни.

Но, тоа не беше се. Борбата меѓу Хеибати и Осипјан траеше само 4:25 минути, а Ерменецот победи со технички нокаут. Тоа го изнервира иранскиот натпреварувач кој при прогласувањето го нападна својот ривал од зад грб и му зададе неколку удари. И по мечот продолжи со дивеењето, сега кон еден од коментаторите на мечот на кого му демонстрираше дел од своите вештини, но за среќа не го погоди.

Сето ова наиде на револт кај присутните, па при заминувањето кон соблекувалната, Хеибати беше нападнат од присутните и претепан. Во целата ситуација се чини дека и тој имаше среќа што жив и релативно здрав излезе од целиот настан. Изгледа дека сфати што направил, па преку социјалните мрежи ѝ се извини на девојката за својата глупост.