Бесир Алили е европски шампион во борење

Бесар Алили стана европски шампион во борење (слободен стил) во категорија до 48 килограми, откако во финалето славеше против противникот од Ерменија, Ховханисјан.

Алили за нијанса беше поуспешен од Ерменецот (7-6), па така го освои златниот медал на Европското првенство до 17 години.

На младиот борец му се предвидува голема кариера, а својот квалитет и потенцијалн го докажа токму со освојувањето на златниот медал.