Усик откри каква порака добил од син му пред да почне борбата со Фјури

Украинскиот боксер, Александер Усик доби уште еден меч против Тајсон Фјури и ги задржа шампионските појаси во тешка категорија.

Усик и оваа борба ја доби на поени, тројцата судии беа едногласни во својата одлука дека Украинецот повторно го победи Тајсон.

„Мојата сопруга ми помогна, моите деца. Денеска моите два сина победија на натпреварување во џудо. Мојот син ми рече „Тато, ти си следен“. Јас реков „Во ред“, открива Усик.

„Навистина го почитувам Тајсон Фјури. Тој ме прави посилен. Тајсон е одличен противник, голем маж и тежок боксер. Тој е добар човек“.