Пропадна спектаклот: Дубоа заврши на доктор, па се откажа од борбата!

Една од најинтересните борби во Ријад вечерва требаше да биде меѓу Даниел Дубоа и Џозеф Паркер, но светскиот шампион се повлече поради болест.

Дубоа беше на медицински преглед, по што не се појави на прес-конференцијата и реши да се повлече од борбата.

„Би-Би-Си“ пишува дека боксерот се соочува со некаква болест, меѓутоа засега не се откриваат деталите.

Паркер, сепак, ќе се бори вечерва, а како замена за Дубоа беше избран Мартин Баколе кој има 21 победа и еден пораз.