Нова трагедија: Германски боксер почина среде меч од – срцев удар (ВИДЕО)

Низата големи спортски трагедии продолжи минатиот викенд во Германија, каде што почина боксер и тоа среде меч од – срцев удар.

Станува збор за 38-годишниот Муса Јамак, германски боксер со турско потекло, кој во Минхен го имаше последниот меч од кариерата, кој за жал му беше и последно нешто во животот. Трагедијата се случи пред почетокот на третата рунда, кога Јамак се обиде да го продолжи мечот, но колабира и се онесвести. Според полицискиот извештај, откако навивачите ја напуштиле салата, јажињата во рингот биле одврзани за да не им пречат на медицинските лица, но, за жал, болничарите стигнале предоцна поради гужвата што надвор ја направиле навивачите.

Но, постои поинаква верзија за случувањата, која доаѓа од тренерите на починатиот и организаторите на боксерската вечер.

„Работите не се случија како што е опишано во полицискиот извештај. Гледачите му пружија прва помош на Јамак. Се обидовме да го спасиме додека ги чекавме болничарите. Сами ги тргнавме јажињата, а полицијата беше прилично агресивна кон нас и постојано ни викаше. Нашиот брат загина во рингот, а тие ни викаа да си одиме и не навредуваа. Не можеме секогаш да бидеме виновни“, изјави човек од штабот на Муса.

Јамак боксерската кариера ја почнал на 12-годишна возраст, а бил непоразен во 75 мечеви.