Кога Дедото Мајк удира, противникот бега низ рингот за да спаси – жива глава (ВИДЕО)

Без разлика што веќе е длабоко навлезен во шестата деценија од животот, Мајк Тајсон во синоќешната егзибициска пресметка со Рој Џонс Џуниор во Лос Анџелес покажа дека сѐ уште ја има експлозивноста и силата во ударот како во времето кога беше неприкосновен во рингот.

„Железниот“ делуваше можно во рингот, удираше во серии, па на ривалот најчесто не му преостануваше ништо освен да бега за да спаси жива глава. Тоа беше случајот со Џонс, кој најчесто немаше одговор на нападите на Тајсон, кој поради тоа беше лут поради нерешениот исход на крајот од мечот.

„Тешко е да се примаат удари од Мајк. Треба да видам со семејството дали ова би го повторил повторно“, изјави Џонс по борбата.