Џошуа го победи Френклин, малку фалеше да се случи голем инцидент (ВИДЕО)

Во меч со 12 рунди, Ентони Џошуа го победи Цермејн Френклин со едногласна одлука на судиите, тоа за него беше 25. победа во 28 меч во кариерата. Борбата заврши со инцидент во рингот.

Џошуа во овој меч влезе по два порази од Олександер Усик, но овојпат беше на висина на задачата и уште во првата рунда покажа дека е подготвен да победи. Тој максимално ја користеше предноста во висина и со прецизни директи го отвораше гардот на противникот. Еден судија му даде предност од 118-111, а другите двајца идентични 117-111.

На крајот можеше да се случи голем инцидент кога двајцата боксери влегоа во клинч, а судијата се обидуваше да ги раздели, реагираше и тренерот на Френклин, но во рингот влегоа и други луѓе. Малку фалеше работите да излезат од тотална контрола.