Британски боксер поради 22 грама ќе плати казна од - 500.000 долари!

Британскиот боксер, Крис Јубанк Џуниор, е казнет со неверојатни 500.000 долари зашто ја надмина дозволената тежина пред мечот со Конор Бен за неверојатни 22 грама.

Според претходниот договор, овој износ ќе „легне“ на сметната на неговиот противник. На првото официјално мерење, Јубанк имаше 72,66 килограми, а при вториот обид 72,59 килограми, што сепак беше над лимитот од 72,57 килограми. Така, минималниот вишок тежина го чинеше Јубанк половина милион долари.

Според поранешниот боксер и коментатор Спенсер Оливер, подолг период кружат шпекулации дека Јубанк има проблеми со симнување килограми.

„Промаши за најмала можна разлика. Несреќно за него. Ќе видиме како тоа ќе се одрази на настапот во рингот“, изјави Оливер.

Мечот ќе се одржи вечерва на стадионот на Тотнем во Лондон.

ФОТО: EPA PHOTO