Боксер е во критична состојба по брутален нокаут (ВИДЕО)

Адонис Стивенсон се наоѓа во болница во критична состојба по тешкиот нокаут кој го доби во борбата против Олександр Гвоздјук синоќа во Квебек, Канада. 

Стивенсон беше нокаутиран во 11-тата рунда, а потоа итно префрлен во најблиската болница откако колабирал во соблекувалната. 

Боксерот кој се натпреварува под знамето на Канада, но потекнува од Хаити, ја бранеше титулата во лесно тешка категорија по десетти пат.