Алжирката збесна: Јас сум жена, престанете да ме малтретирате!
Со тоа стана прва африканска боксерка со олимписка титула, а по финалето им одговори на сите кои десетина дена ѝ вршеа притисоци.
„Жена сум како и секоја друга, родена сум како жена, живеам како жена, се натпреварував како жена и во тоа нема никаков сомнеж. Постојат непријатели на успехот, како што ги нарекувам и тоа на мојот успех му дава посебен успех. Посветете се на олимписките принципи, немојте да ги малтретирате луѓето“, изјави Келиф.
Зад неа е победничка серија од 13 борби, а со освоениот златен медал им одговори на сите критичари.