Алварез го истепа Берланга и ја одбрани титулата (ВИДЕО)

Мексиканскиот боксер Саул Канело Алварез ги задржа шампионските појаси откако го истепа 27-годишниот Американец Едгар Берланга.

Берланга го загуби првиот пораз по седум години, а воедно тоа беше 62. победа во кариерата за Алварез кој покажа дека е еден од најдобрите боксери во историјата.

„Моето искуство, талент и напорна работа ме прават најдобар. Ако имаш талент, но немаш дисциплина, значи дека немаш ништо“, кажа Мексиканецот.