Светскиот шампион на 100 метри суспендиран на две години

Американецот Кристијан Колмен нема да настапи на Олимписките игри во Токиот идното лето, откако Светската атлетска федерација му врачи суспензија од две години. 

Светскиот првак на 100 метри е суспендиран поради тоа што три пати пропушти допинг тест. Тој провизорно беше суспендиран во јуни годинава, откако во декември 2019 година последен пат избегна да биде тестиран. 

Контролорите на ВАДА не можеле да го лоцираат Колмен дури три пати, а интересно е тоа што тој го оспоруваше само првиот пропуштен тест, но не и последните два. Според правилата на Светската атлетика, доколку еден спортист пропушти три теста во една година или контролорите не можат да воспостават контакт со него, тогаш автоматски следува суспензија.

Колмен го освои златото на 100 метри и на штафетата на четири пати по 100 метри на Светското првенство што се одржа во Доха во септември 2019 година. Тој ќе може да се врати на натпреварите во на 13 мај 2022 година. Американецот има право да се жали на оваа одлука на Судот за спортска арбитража во Лозана.